Британската Влада подготвува свое досие со аргументи против шкотската независност и распадот на Обединетото Кралство, соопшено е денеска во Лондон.
Аргумените на британската Влада, треба да бидат одговор на аргументите што ги дава Шкотската национална партија (СНП) и нејзиниот лидер Алекс Салмонд, актулен прв министер на Шкотска, за оправданоста на барањето за независност.
Британскиот министер за Шкотска, Мајкл Мор тврди дека Владата во Единбург е веќе сега премногу зафатена и ангажирана околу прашањето на независноста.
– Уставната дебата околу иднината на Шкотска е влезена во нова фаза, па луѓето бараат да знаат многу повеќе факти. Според него, Шкотска како дел од Велика Британија значи дека шкотските компании може повеќе и побрзо да се развиваат во услови на еден голем, заеднички пазар, без бариери или ограничувања.
Како аргумет во ваквото тврдење, министерот Мор открива дека две третини од извозот на шкотските кампании се пласира во другите три дела на Велика Британија – Англија, Велс и Северна Ирска.
Најавата за брзо изработување британски аргументи против отцепувањето на северот на Обединетото Кралство, доаѓа по изјавата на премиерот Дејвид Камерон дека Шкотска може и сама, но дека тоа не би требало да го прави, затоа што вака е подобро, а Велика Британија добро функционира.
Според договорот меѓу Лондон и Единбург, референдум за независност на Шкотска ќе се оддржи во октомври идната година. Последното испитување на тамошното јавно мислење покажува дека помалку од една третина од Шкотланѓаните сакаат нивната земја да се отцепи и да биде независна. Повеќе од 60 отсто смета дека наместо тоа, шкотскиот Парламент треба да добие уште повеќе овластувања.
Велика Британија постои веќе 306 години, откако Парлементите на Англија и Шкотска се договорија за создавање на Унија меѓу овие две соседни и низ вековите често непријателски земји.