Британската полиција уапси осомничен за убиството на ирачкото семејство во Франција

Од:

Еден 54-годишен маж е уапсен денеска во отмената приградска лондонска населба Сари, во врска со убиството на четири лица во француските Алпи на 5 септември минатата година.

Ирачанецот Саад ал Хили, авиоинженер кој долги години живее во Велика Британија, неговата сопруга, нејзината мајка, како и еден Французин, случаен минувач и сведок, беа брутално ликвидирани крај еден планински пат на југот од Франција.

Лондонските медиуми тврдат дека уапсениот е Заид ал Хили, роден брат на убиениот. Тој и минатата година беше посочуван како „сомнителен“, затоа што бил во расправија со убиениот, околу наследството на семејниот имот, но тој демантираше дека имал лоши односи со братот. Заид беше испрашувам од британската полиција, но формално досега не беше третиран како осомничен.

england-police

Целото семејство на Ал Хили, беа на одмор во еден летен камп во француските Алпи. Двете ќерки на Ал Хили кои биле во возилото кога тоа било нападнато, успеаја да останат живи.

Четиригодишната ќерка беше најдена неповредена под мртвото тело на својата баба, а нејзината малку постара сестра беше најдена покрај патот со тешки повреди по телото.

Пресврт во истрагата во која заеднички учествуваат британската и француската полиција настана минатиот месец, откако е утврден идентитетот на едно друго возило кое минало по истиот пат како и автомобилот на убиените само 20 минути пред нападот.

За возилото се знае дека имало волан од десната страна и британски регистарски таблички.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот