Британската полиција уапси десетици осомничени за убиството на војникот во Лондон

Од:

Британската полиција уапси десетици осомничени во рамки на истрагата за убиството на британскиот војник на улица на Лондон, во очигледен напад на исламистички екстремисти минатата среда.

Педесет годишен маж е уапсен денеска источно од Лондон под сомнение за учество во заговорот за убиството на 25-годишниот Ли Ригби. Полицијата не соопшти други детали за индентитетот на уапсените.

Ригби бил во близина на касарната во лондонскиот регион Улич минатата недела, кога бил прегазен од автомобил, а потоа повеќе пати прободен од ножеви и сатари.

Полицијата претходно уапси деветмина осомничени, меѓукои двајца се сметаат за главни за злосторството, Британци со нигериско потекло, кои беа прострелани на местото на убиството и се наоѓаат во болница, каде се чуваат со вооружено обезбедување.

Околу илјада приврзаници на крајнодесничарската организација „Англиска лига за одбрана“ минаа денеска низ центарот на Лондон. Демонстрантите скандираа „Муслимани убијци – одете си од нашите улици“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот