Британската национална архива денес објави таен документ, кој што открива дека Британците пред 30 години стравувале дека може да се случи нуклерна војна, па дури и Кралицата Елизабета Втора по тој повод подготвила говор.
Администрацијата во 1983 година составила говор во случај да биде потребно кралицата да и се обрати на нацијата, доколку се случи нуклеарна војна со Русија.
Во говорот било предвидено таа да повика да одлучност, единство и храброст како во претходните две војни на Британија.
Како што пренесува „BBC“ од другите документи кој што ги обелодени архивата, како постари од 30 години, може да се дознае и дека тогашната премиерка Маргарет Тачер спречила тогаш 21-годишниот Вилијам Хејг, кој што денес е шеф на дипломатијата да го добие местото советник во Министерството за финансии.
Елена Георгиевска