Британската кралица останува и натаму на домашно лекување

Од:

Британската кралица Елизабета останува и понатаму на домашно лекување,по совет на лекарите и не се појави на денешното одбележување на меморијалниот ден на Комонвелтот,во Вестминстер Аби во Лондон.

Претставник на Бакингамската Палата изјави дека кралицата е добро,но дека лекарите инсистирале таа да остане дома и да не се појави на меморијалниот ден,за да може целосно да се опорави од прележаниот стомачен вирус.

Кралицата минатата недела,два дена помина во болница,за да биде под лекарски надзор во санирањњто на последиците од вирусното заболување.

Лекарите советувале кралицата,која идниот месец ке наполни 87 години,да не се појавува во јавноста целата оваа недела,иако претставникот на Палатата не ја исклучи можноста таа на крајот од годинава, сепак, да присуствува на некои од настаните под кралски патронат.

За денот на Комонвелтот кралицата испрати порака до земјите членки на оваа заедница,во која ги истакнува вредностите на Комонвелтот и потребата од нивно постојано реафирмирање. Комонвелтот го сочинуваат 54 земји во кои живее 30 отсто од светското население.На 16 земји члеки,британската кралица Елизабета е и нивни суверен.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот