Британската кралица најави построги мерки за имигрантите

Од:

Британската кралица Елизабета во својот говор во Парламентот во Лондон, со кој формално започна новата парламентарна сесија, најави дополнителни построги мерки за имигрантите.

Зборувајќи пред членовите на двата дома дом на Парламентот, таа ги најави најзначајните владини мерки во наредните месеци, при што доминантно место имаат мерките за намалување на се уште високата имиграција во Велика Британија.

Со новите мерки, илегалните имигранти кои престојуваат и работат без работна дозвола, не ќе може повеќе да добиваат британска возачка дозвола, додека работодавачите ќе мора да го проверуваат станарскиот статус на странците пред да ги вработат.

Опозициските лабуристи ја обвинуваат Владата на премиерот Дејвид Камерон дека овие мерки нема да помогнат да се намали имиграцијата.

Министрите веруваат дека овие мерки може да претставуваат брана за странците, затоа што „илегалците“ со добивањето на возачки дозволи на „мала врата“ успеваа да го „легализираат“ својот статус, затоа што во Велика Британија, каде нема лични карти, возачката дозвола е многу често валиден документ со кој се уредуваат другите документи.

Кралицата ги најави и владиниот закон за полесно депортирање на криминалци и странци кои илегално престојуваат во Велика Британија, како и законот за социјални грижи со кој се предвидува зголемување на основната државна пензија од сегашните 107 на 144 фунти неделно.

Говорот на кралицата Елизабета во Парламентот е традицинален настан во британскиот политички живот кој потекнува од времето кога парламентарците муја одзедоа апсолутната власт на суверенот. Во поново време, кралицата која нема никаква политичка функција во Обединетото Кралство, само го чита говорот што го има определено британската Влада, која на тој начин ја обзнанува својата програма во определен период.

На денешниот говор на кралицата, за прв пат присуствува и војводката од Корнвол, Камила Паркер, сопруга на британскиот престолонаследник.

Нејзиниот сопруг Чарлс, кој исто така беше во Парламентот, последен пат присуствуваше на говорот на кралицата во 1996 година.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца