Британска полиција: Пријавете потенцијални џихадисти

Од:

Британската полиција денеска апелираше до граѓаните ако препознаат „потенцијални џихадисти“ да ги пријават.

– Апелираме до граѓаните, членовите на семејството и пријателите да помогнат во препознавањето на потенцијалните терористи. Тие можеби се подготвуваат за пат во странство, можеби се вратиле или покажуваат знаци на зголемена радикализација, изјави комесарот од Скотланд Јард, Марк Раули.

Тој посочи дека секое разумно лице е погодено од немилосрдното убиство на американскиот новинар Џејмс Фоли од страна на терористите од Исламска држава. За егзекуторот постои оправдано сомневање дека по потекло е Британец.

Во првите шест месеци од годината 69 лица во Велика Британија се уапсени под сомнеж дека претстојувале во странство во терористичките кампови за обука.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година