Британка почина при обид да го преплива Ла Манш

Од:

Триесет и четири годишна Британка почина синоќа при обид да го преплива протокот Ла Манш меѓу Велика Британија и Франција.

Жената била придружувана од 10-метарскиот англиски брод „Патфајндер“, кој испратил сигнал за тревога и побарал дефибрилатор.

Француските спасувачки служби испратиле хеликоптер на воената морнарица, кој ја пренел во болницата во Булон-сур-Мер, каде таа починала. Температурата на водата била 15 степени Целзиусови.

la-mansh

Пливањето низ Ла Манш од братинскиот кон францускиот брег е дозволено од организации кои се признати од британските власти, но во обратен правец е забрането од француските власти, бидејќи има интензивен морски сообраќај и понекогаш временските услови се тешки.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот