Британија загрижена поради употреба на хемиско оружје во Сирија

Од:

Информацијата дека во Сирија е употребено хемиско оружје ја загрижи Велика Британија, изјави британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг.

Тој наведе дека таквите тврдења под итно треба да бидат истражени и проверени и дека тие што ја дале наредбата за употреба треба да одговараат.

Британскиот министер повтори дека во парламентот не е донесена одлука за вооружување на сиријските бунтовници и нагласи дека Британија и Франција се убедени дека треба да се измени или дури и да се укине ембаргото за увоз на оружје, кој го воведе ЕУ.

Хејг, пред тоа детално во писмена форма им објасни на пратениците за помошта која Британија им ја упати на Сиријските бунтовници, вклучувајчи пет блиндирани возила, 20 пакувања панцири, 107 генератори и 130 батерии на соларна енергија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот