Војната во Украина влезе во „нова, поинаква фаза“, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас по денешниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.
Трас рече дека сега сме сведоци на „поконцентрирана руска офанзива“, а НАТО се согласи да испрати „ново и потешко оружје“ во Украина за да се спротивстави на руската инвазија.
„Путин ја промени својата тактика, но не и намерите. Тој се уште сака да ја освои цела Украина“, изјави Трас по средбата.
Претходно таа изјави дека Британија ќе го интензивира испраќањето оружје во Украина, но не сакаше да открие какво оружје и во колкаво количество.