Британија: Татко на 17 деца, обвинет за убиство на шест од нив

Од:

Британецот Мик Филпот е прогласен за виновен за убиство на своите шест деца. Тој е татко на 17 деца со пет жени, кои ги користел единствено за добивање на социјална помош во износ од 60.000 фунти годишно.

Мик (56) заедно со сегашната сопруга Мајред и еден пријател во мај минатата година подметнал пожар во семејната куќа за што планирал да ја обвини својата поранешна сопруга.

mik-philpott-deca

Тој планирал од пожарот да ги „спаси“ децата, да го врати старателството над пет од нив и да добие поголема куќа од градските власти. Децата за него биле само средство за добивање на државни пари, објави весникот „Дејли мејл“.

mik-philpott-deca3

Додека шесте деца спиеле на горниот кат од куќата, Филпот подметнал пожар планирајќи да ги спаси преку горниот прозорец и така да стане „херој и жртва“. Но, планот не се остварил бидејќи употребил премногу бензин и огнот излегол од контрола така што не успеал во намерата да ги спаси децата.

mik-philpott-deca1

Полицијата најпрво ги обвини тројцата за убиство, но обвинението подоцна е променето во убиство без предумисла бидејќи обвинетите немале намера да ги убијат децата.

mik-philpott-deca2

Децата не биле под надзор на социјалните служби наспроти опасните услови на живот и познатите испади на Филпот. По започнување на истрагата за убиство на децата, утврдено е дека го чека и истрага за силување на жена, како и дека бил во затвор поради обид за убиство на девојка на која и нанел 27 убоди по раскинувањето со него.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски