Британија се подготвува за големи немири, 6.000 полицајци се подготвени да интервенираат

Од:

Британските власти веруваат дека социјалните мрежи одиграле важна улога во поттикнувањето на антиимигрантските немири кои ги зафатија градовите низ целата земја.

Британската полиција денеска соопшти дека 6.000 полицајци се подготвени за немирите кои се очекуваат вечерва.

Полицијата се подготвуваше за нови антиисламски немири во средата, бидејќи екстремно десничарските групи објавија планови за напад врз центрите за баратели на азил и канцелариите за имиграција низ целата земја, што ги натера антифашистичките демонстранти да најавуваат и собири.

Британската полиција денеска соопшти дека 6.000 полицајци се подготвени за немири, за кои извори открија дека се подготвуваат на 30 локации, а пред граѓаните се обрати градоначалникот на Лондон Садик Кан кој на „Х“ порача дека насилството и немирите нема да се толерираат.

„Немирите, расизмот и насилството што ги видовме низ целата земја во текот на изминатата недела се навистина шокантни. Свесен сум за извештаите од десничарските групи дека ќе нападнат одредени локации во Лондон и она што можам да го кажам е: ако го скршите закон, ќе ги трпиш последиците“, напиша Кан.

Колку е тензична атмосферата говори и тоа што сопствениците на продавниците ги покриваат излозите со даски или други материјали.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски