Британија: Повеќе од 100 демонстранти приведени на најпознатата коњска трка

Од:

Повеќе од 100 демонстранти за правата на животните беа уапсени во саботата, откако некои упаднаа на патеката Гранд Национал, принудувајќи го почетокот на најпознатата светска трка со коњи да биде одложен за четвртина час. Околу 70.000 луѓе го чекаа почетокот на трката на тркачката патека Аинтри во Ливерпул, а десетици демонстранти се обидоа да влезат на патеката, пишува Гардијан.

Полицијата соопшти дека се уапсени 118 лица поради обид за одложување на трката и нарушување на јавниот ред и мир. Според извештаите, повеќето од демонстрантите бea спречени да влезат на патеката, а деветмина од нив кои успеале во тоа се меѓу уапсените. Еден демонстрант рече дека е преземена директна акција за да се подигне свеста за маките со кои се соочуваат животните.

Демонстрантите го блокираа и автопатот до хиподромот, предизвикувајќи голема гужва. Претходно истиот ден, околу 150 демонстранти од голем број организации за заштита на животните стоеја пред портите на Аинтри, а многумина држеа транспаренти на кои пишуваше „Се обложувате дека умираат“ и „Заштитете ги животните, откажете го Гранд Национал“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски