Следните четири дена Обединетото Кралство ќе го прославува 60-годишното владеење на кралицата Елизабета Втора, која беше прогласена за кралица на 6-ти февруари, 1952-та година, веднаш по смртта на својот татко.
Прославата започнува со посетата во Ипсом, Јужна Англија, каде кралицата традиционално ќе присусуствува на трките со коњи.
За утре е закажана големата парада на Темза во која ќе пловат над 1.000 бродови. На кралскиот брод „Духот на Чартвел” ќе бидат и Кралицата со своето семејство.
Во понеделник се планира палењето на 4.000 факели во Обединетото Кралство и земјите на Комонвелтот, а вечерта следи концерт пред Бакингамската палата со Пол Макартни и Роби Вилијамс. Следното утро кралицата ќе оди во црква, а потоа со кочија ќе се вози низ Лондон.
Инаку, во чест на кралицата поднесено е барање и светски познатата саат-кула Биг Бен да биде преименувана во „Кула на Елизабета“.
Кралицата Елизабета има 86 години, а на престолот остана 60 години. Постои само една кралица која подолго владеела од неа, прабабата на Елизабета, кралицата Викторија.