Според британските одбранбени извори, најверојатно зад соборувањето на авионот на Евгениј Пригожин стои домашната руска разузнавачка и безбедносна агенција ФСБ (наследници на КГБ), јавува Би-би-си.
ФСБ, потсетува Би-Би-Си, е целосно лојална на рускиот претседател Владимир Путин и ги надгледува и руските гранични сили. Се верува дека смртта на основачот на Вагнер ќе ја зајакне позицијата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов, кого Пригожин не можеше да го поднесе и јавно го критикуваше.
Ова, пак, е добро за Украина бидејќи и двајцата се сметаат за неспособни да ги извршуваат своите работни места, наведува Би-Би-Си.