Британец се заканувал преку Фејсбук дека ќе убие 200 луѓе во САД

Од:

Британецот Рис Елиот (24) е осуден денеска од судот во Њукасл, во североисточна Англија, на две години и четири месеци затвор, затоа што преку социјалната мрежа Фејсбук се заканувал дека ќе изврши масовно убиство на 200 луѓе во САД.

Пораките Елиот почнал да ги испраќа во февруари оваа година, влегувајќи на интернет страниците што родителите и пријателите на две малолетни девојки ги отвориле во спомен на нивната трагична смрт. Двете девојки од сојузната американска држава Тенеси загинале во одвоени сообраќајни несреќи.

Голем број Американци од тој дел на САД кои имале пристап до овие две страници сериозно ги примиле заканите на тогаш непознатиот испраќач, создавајќи масовна вознемиреност во Ворен каунти во Тенеси. Дури три илјади деца два дена не доаѓале на училиште, затоа што преплашените родители им наредиле да останат дома од безбедносни причини.

Британецот испратил повеќе заканувачки пораки меѓукои најсилен ефект имала онаа за масовното убиство. „Ќе влезам во својот камион и ќе убијам 200 луѓе пред да се самоубијам“, напишал Елиот.

ФБИ започнал истрага, а кога било откриено дека заканите доаѓаат од Велика Британија, побарана е помош од Скотланд Јард. Елиот е набргу откриен и уапсен.

Во текот на судењето тој призна дека праќал заканувачки пораки преку интернет. Неговиот адвокат на судењето изјави дека Рис Елиот, кој е татко на едно дете, е емотивно незрел и импулсивен човек, но дека досега нема сторено кривично дело.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот