Британец осуден на 19 години затвор во Русија, се бореше на страната на Украина

Од:

Рускиот суд го осуди британскиот државјанин Џејмс Андерсон на 19 години затвор за борење на страната на вооружените сили на Украина. Првите 5 години ќе ги помине во затвор, останатите во строга режимска колонија.

Андерсон (22) е прогласен за виновен за „тероризам“ и „платеништво“, се вели во соопштението на прес-службата на судовите во областа Курск, каде што воениот суд му судеше зад затворени врати.

Се додава дека Андерсон се изјасни за виновен и дека се борел за Украина од финансиски причини.

Рускиот истражен комитет соопшти дека Андерсон „нелегално“ влегзе во руската област Курск во ноември 2024 година, каде што украинската војска сè уште држи неколку стотици квадратни километри од ненадејната офанзива во август 2024 година.

Андерсон, пред да биде уапсен во областа Курск, наводно изврши „злосторства против цивилното население“, додаде Истражниот комитет, без да даде детали во врска со обвинението.

Руското правосудство неколку пати осудувало странци кои се борат во украинската армија, за кои смета дека се платеници, а не доброволци.

Би можело да ве интересира

Примирјето во Украина започнува денес

Русија испраќа повеќе спасувачи во Дагестан

Рјабков: Русија нема намера да ја напушти Западната хемисфера

Буданов: Не можеме да си дозволиме да ги запреме нападите додека трае војната

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток