Британците произведоа бензин со помош на вода и воздух

Од:

Една мала британска компанија успеа во технологијата на производство на бензин со помош на вода и воздух, и се надеваат дека еден ден ќе придонесе за призводство на еколошки горива од широки размери.

Како што пренесува Ројтерс, инженерите на компанијата Air Fuel Synthesis на северот на Англија, тврдат дека за три месеци произвеле пет литри синтетички бензин.

Технологијата се состои во издвојувањето на јаглеродниот диоксид од воздухот и кислородот од водата и нивното комбинирање во реактор со катализатор за да се добие метанол од кој во понатамошна постапка се добива бензин.

Користејќи ја обновливата енергија во овој процес, можно е да се произведе CO2 неутрално гориво кое може да се користи на идентичен начин како стандардниот бензин, тврдат научниците.

Еколошкиот бензин сепак нема да може во скоро време да се најде на пумпите.

„Моментално не можеме да го произведеме по сегашните цени на бензинот, но тоа кога тогаш ќе се случи, велат од англиската компанија.

 

Би можело да ве интересира

Поевтинува мазутот, цената на другите горива останува иста

Поевтинуваат горивата

Стотици возови беа откажани додека се играше финалето на Европското првенство меѓу Англија и Шпанија

Горан Наумовски

Грозоморно убиство ја потресе Велика Британија: Со нож е убиен е 14-годишно девојче

Британија: Полицијата потврди дека човечките останки најдени во куфери во Бристол се на двајца мажи

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот, бензините со непроменета цена