Брисел: Се забрзува производството на вакцини, до крајот на јуни 466 милиони дози

Од:

По првичните тешкотии во производството на вакцини против Ковид-19, процесот сега се забрзува и сè уште е можно да се исполни целта за вакцинирање на 70 отсто од возрасната популација во ЕУ до крајот на летото, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– Сега треба да се фокусираме на вториот квартал и периодот до летото. Знаеме дека можеме да ја постигнеме нашата цел да вакцинираме 70 проценти од возрасната популација до крајот на летото, рече претседателката на ЕК на прес-конференција.

Според податоците што ги презентираше Фон дер Лајен, Бионтек/Фајзер и Модерна ги исполнуваат своите договорни обврски во првиот квартал и ги доставија или ќе ги испорачаат до крајот на овој месец количините предвидени за првиот квартал.

Бионтек/Фајзер ќе испорача 66 милиони дози овој квартал, а Модерна 10 милиони дози, што е во согласност со потпишаните договори, рече Фон дер Лајен.

АстраЗенека, пак, целосно потфрли. Наместо ветените 90 милиони дози во првиот квартал, компанијата прво ги намали на 40 милиони, а сега тврди дека ќе испорача 30 милиони дози овој квартал, три пати помалку од ветената сума.

Ако АстраЗенека го одржи ветувањето за 30 милиони дози, ЕУ може да добие вкупно скоро 106 милиони дози овој квартал.

Значително поголеми количини се очекуваат во вториот квартал, претседателката на Комисијата вели дека може да се смета на Бионтек/Фајзер, кој треба да испорача 200 милиони дози во вториот квартал, Модерна треба да испорача 35 милиони дози, а Џонсон и Џонсон 55 милиони дози.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он