Брисел ќе употреби правни мерки ако нема решение за проблемот со испораката на вакцините

Од:

Европската унија треба да испита законски средства со цел да обезбеди залихи на вакцини против коронавирусот за кои потпиша договор за набавка, доколку преговорите со производителите за испорака не бидат успешно завршени. Тоа го нагласи денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во писмо до лидерите на ЕУ.

Тој додава дека ги поддржува сите напори за решавање на проблемот со компаниите преку дијалог и преговори.

„Меѓутоа, доколку не се најде задоволително решение, верувам дека мора да ги испитаме сите можности и да користиме правни средства и присилни мерки за да ги исполниме договорите“, наведе Мишел.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он