Европската комисија денеска усвои правило за задолжително одобрение за извоз на вакцини против Ковид-19, за оние кои се произведуваат на територијата на ЕУ и кои се однапред договорени со потпишани договори за набавка.
Комисијата наведува дека земјите од соседството на ЕУ и оние опфатени со механизмот Ковакс ќе бидат изземени од таа мерка.
– ЕУ целосно ќе ги почитува своите хуманитарни обврски и ќе обезбеди вакцини ветени на други земји, наведуваат од Комисијата.
Потпретседателот на ЕК, Валдис Домбровскис, вели дека мерката за авторизација на извоз е донесена по итна постапка, а целта е веднаш да се обезбеди целосна транспарентност во врска со производството на вакцини и нивно доставување, но и да се обезбеди испорака на нарачани вакцини од страна на ЕУ.
– Вакцините се клучни за закрепнување на економијата и завршување на пандемијата. Испораката до нашите граѓани е најважната задача во моментот. Сакаме да обезбедиме да се испчитуваат сите договори за однапред порачани вакцини, нагласи Домбровскис. гт/
2021-01-29 17:05:42, од Габриела Точко