Брегот на Чиле погоден од два последователни земјотреси

Од:

Два силни земјотреси со јачина од 5,8 и 6,8 степени по Рихтер го погодија утринава чилеанскиот крајбрежен град Кокимбо, соопшти Геолошкиот институт на САД, пренесува ТАСС.

Епицентарот на првиот потрес бил на 100 километри североисточно од градот на длабочина од 12 километри, а на вториот на 97 километри југозападно на длабочина од 14 километри.

Не е објавена опасност од цунами.

Вториот потрес бил почувствуван и во главниот град Сантјаго, кој се наоѓа на 300 километри јужно од Кокимбо.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера