Бразилскиот претседател: Израел мора да одговара за геноцидот во Газа

Од:

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва упорно го обвинува Израел за „геноцид“ врз Палестинците во Газа, откако неодамна предизвика дипломатска криза споредувајќи ја израелската офанзива против Хамас со холокаустот.

„Она што го прави државата Израел не е војна, тоа е геноцид, бидејќи убива жени и деца“, рече Лула за време на церемонијата во Рио де Жанеиро, откако Израел во понеделникот го прогласи за „персона нон грата“ затоа што ја дал истата проценка.

Бразилскиот лидер, реагирајќи за првпат по контроверзноста што ја предизвика неговата споредба на израелската офанзива со нацистичкиот холокауст, остана на својот став, постојано нагласувајќи го терминот „геноцид“.

„Тоа е геноцид. Има илјадници мртви деца и илјадници исчезнати. Не умираат војниците, туку жените и децата во болницата. Ако ова не е геноцид, не знам што е геноцид“, инсистираше Лула.

Би можело да ве интересира

Израелците пукаа кон границата со Египет, неколкумина шверцери се ранети

Израел приведе 15 лица на Западниот Брег, меѓу кои и деца

Лазарини: За шест месеци во Газа се убиени повеќе деца отколку во светот за четири години

Премиерката на Северна Ирска: Геноцидот во Газа мора да престане

Израелските војници убија двајца вооружени Палестинци на окупираниот Западен Брег

Во Газа загинале 34.305 луѓе