Бразилецот Паоло Мачадо е 45 години во болница

Од:

Бразилецот Паоло Мачадо е цели 45 години прикован за болничкиот кревет и за болница, откако уште како бебе се разболел од детска парализа.

После безмалку половина век поминати во болница, Бразилецот и натаму мора да биде 24 часови дневно, вклучен на машините за поддржување на распираторниот систем. Но и покрај тешката болест, како и неможноста да води нормален живот Мачадо е човек со силен дух од кого може да се извлече насмевка.

Како тежок и трајно оболен човек тој сепак има завршено училиште и обука за комјутерска анимација, па легнат во својот болнички кревет тој сега прави телевизиски серии за својот живот.

– Моите први сеќавања за животот и за раното детство се поврзани за болницата и за болничкиот кревет, или инвалидската количка, вели Мачадо.

Неговата мајка која никогаш не ја запознал, починала додека тој имал само два дена. Тогаш се заразил со детската парализа, во време на експолозија на оваа болест во Бразил. Полиото или детската парализа е тешко инфективна, вирусна болест која главно ги напаѓа децата на возраст под пет години. Болеста, како во случајот на Паоло Мачадо може да предизвика трајна парализа на телото.

За оваа болест нема лек и специјална терапија, туку ефикасна вакцина која се дава на неколку пати додека децата се многумали. Авганистан, Пакистан и Нигерија се единствените земји во светот во кои се уште постојат ендемски подрачја со оваа болест.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата