Бразил почна официјално преговори за трговски договор со САД. Тоа го нагласи министерот за економија Пауло Гедес.
Тој вели дека преговорите се компатибилни со трговскиот договор постигнат неодамна со Европската унија. Изјавата беше дадена по среедба во бразилскиот главен град со американскиот министер за трговија Вилбер Рос кој рече дека САД имаа голема желба да склучат договор и може да продаваат повеќе стоки на Бразил.
-Бразил стравува дека договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и јужноамериканскиот блок Мекосур (Аргентина, Бразил, Парагвај, Уругвај и Венецуела) може да создаде тешкотии за сличен договор меѓу нив и САД. Таков став искажа бразилскиот претседател Жаир Болсонаро по средба со Рос.