Братот на Флојд во Конгресот: Бидете лидери и направете ја вистинската работа

Од:

Братот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше брутално убиен од полицијата во Минеаполис, Фолонајз Флојд, денеска во американскиот Конгрес повика на спроведување на реформите што би спречиле полициска бруталност, јави Би Би Си.

– Запрете ја болката. Мојот брат не може да остане запомнат само како уште едно име во серијата имиња на жртви на полициската бруталност. Бидете лидери какви што се потребни на нашата земја и целиот свет, рече Флојд во Претставничкиот дом.

– Тука сум да ве замолам да ја запрете болката. Мојот брат молеше за помош, но неговата молба беше игнорирана. Затоа, ве молим, слушнете го повикот кој ви го испраќаме моето семејство, јас и луѓето од целиот свет. Доста беше!, рече Флојд.

Правосудниот комитет на Претставничкиот дом, кој е под контрола на демократите, планира до 4 јули да достави предлог-закон до законодавците против полициското насилство и расната неправда .

Предлог-законот на демократите во Претставничкиот дом се очекува да забрани полициско задушување на осомничените, да воведе анти-расистички тренинг во полицијата, да спречи селење на обвинети полицајци во други безбедносни структури и да го олесни гонењето на оние што ги кршат правилата на службата, но неизвесно е дали ќе се обезбеди двотретинско мнозинство.

Републиканскиот конгресмен Џим Џордан, се согласи дека дојдено е времето „за вистинска расправа, вистинска дебата и вистинските решенија за односот на полицијата кон Афроамериканците“, но во исто време тој го пофали претседателот Доналд Трамп за неговата реакција по повод полициското убиство на Џорџ Флојд.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев