Двајцата браќа, осомничени за напад на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“, веќе се на американската листа на лица на кои не им е дозволено со авион да патуваат во и надвор од САД.
Американските официјални лица не откриваат други информации кои евентуално би можеле да ги имаат за Шариф Куаши (32) и неговиот брат Саид (34), освен дека се бореле на Блиски исток на страна на екстремистичките групи. Очевидци наведуваат дека напаѓачите изјавиле дека се припадници на Ал Каеда во Јемен. Не е необично што тие се ставени на листата на лица на кои им се забранува влез во САД, особено поради тоа што Шариф бил 18 месеци во затвор поради регрутирање екстремисти да се борат против САД во Ирак.
Инаку полицијата се уште е во потрага по осомничените браќа за кои наведува дека се вооружени и опасни. Како што пренесе „ВВС“ тие пред нападот на редакцијата на францускиот сатиричен неделник ограбиле бензинска пумпа во близина на местотот Виље Котере на север на Франција.
Е. Г.