Брахими: Конфликтот во Сирија се влошува

Од:

Претставникот на ОН и Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими, го предупреди  Советот за безбедност на ОН дека граѓанската војна во Сирија се влошува, и дека оваа земја се соочува со растечка криза за храна.

Говорејќи пред 15-члениот совет, Брахими рече дека според проценките на сириската влада, во земјата има 5.000 странски борци, поради што владата се повеќе го претставува конфликтот како “странски заговор”, и изјавија делегатитe кои учествуваа на средбата зад затворени врати.

Поранешниот алжирски министер за надворешни работи, кој поднесе извештај за неговите разговори со сирискиот претседател Башар ал-Асад во Дамаск, презентираше мрачна слика за 18-месечниот конфликт во кој, според активисти од опозицијата, загинаа 29.000 луѓе.

Брахими го предупреди СБ на ОН дека тортурата врз затворениците стана “рутина” и дека луѓето сега се плашат да одат во болниците кои се во рацете на владините сили.

Според неговите проценки, околу еден и пол милиони Сиријци досега ги напуштија своите домови и Сирија се соочува со се поголем недостиг од храна, наведува француската агенција.

На програмата на ОН за храна и се потребни милиони долари за да се нахрани брзо растечкиот број на Сиријци кои се погодени од граѓанската војна, изјави директорот на програмата Ertharin Kuzen, истакнувајќи дека бројот на Сиријците на кои им треба помош се зголеми од 250.000 на еден милион и половина.

Според неа, досега се собрани 78 милиони долари, но потребни се уште 60.000.000 $ за да се покрие годишниот буџет за Сирија, пренесува АП.

Покрај ветувањето за пружање помош, порачува дека, земјите-донатори мора да извршат дипломатски притисок на сириската влада за да им овозможи на хуманитарните работници пристап до загрозените.

Програмата на ОН за храна обезбедува помош и за преостанатите 250.000 сириски бегалци во соседните земји.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ