„Божјо дете“ од Индија

Од:

Бебе од Индија кое е родено со четири раце и четири нозе, веќе е наречено „Божјо дете“ и привлекува илјадници љубопитни во градот Баруипур во источна Индија.

Иако момчето е родено со хендикеп, неговите родители биле пресреќни затоа што наликува на богот Хинду .

– Иако персоналот од болницата вели дека детето е родено деформирано, сигурен сум дека тоа е знак од Бога, вели еден роднина.

– Всушност тоа е чудо, тоа е божјо дете. Индиските богови имаат неколку пара раце и нозе, токму како нашето момче.

Полицаецот кој се обидува да се избори со љубопитната толпа вели „сето тоа е трагично“. Тој вели дека стотина луѓе на сред улица се молат и плачат, а некои од нив дури веруваат дека тоа е знак оти доаѓа крајот на светот.

Се верува дека состојбата во која се наоѓа момчето е резултат на нарушување наречено „близнак паразит“. Пред да се родат, нивните фетуси како и кај обичните близнаци се поврзани со главите, абдоменот или нозете. Но кај обичните во еден момент доаѓа до разделување на деловите од телото, додека кај паразит близнаците тоа никогаш не се случува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати