Боздаг: Без нов устав, не може да има нова Турција

Од:

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг денеска изјави дека што поскоро треба да биде усвоен нов устав на Турција што ќе го замени сегашниот, одобрен во 1982 по државниот удар во 1980 година, јави турската телевизија „Си-ен-ен Турк“.

Според Боздаг, на Турција итно ѝ е потребен нов устав. Без него, не може да има „нова Турција“. Како што додаде тој, со усвојување нов устав ќе се отвори нова страница во историјата на земјата.

Боздаг потсети оти досега се направени низа обиди за создавање нов устав, но, засега не дадоа никаков резултат.

Министерот тврди дека порано или подоцна, Турција ќе има нов устав.

– Земјата има потреба од устав, подвлече тој, што ќе биде одобрен во демократски услови и што ќе ги заштитува интересите на секој граѓанин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски