Борците на „Исламска држава“ ја напуштиле последната бунтовничка енклава во близина на Дамаск

Од:

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права соопшти дека група борци на „Исламска држава“ биле евакуирани од последната бунтовничка енклава во близина на Дамаск, со што се враќа контролата на Владата врз реонот.

Државните медиуми во Дамаск не јавуваат за договор со кој на екстремистите им е дозволено да ја напуштат областа околу палестинскиот бегалски камп Јармук. Сириски воен извор вчера негирал дека е постигнат некаков договор.

Организацијата за мониторинг, со седиште во Велика Британија, соопшти дека по полноќ автобуси влегле во енклавата за да ги транспортираат борците и нивните семејства. Тие отпатувале во правец на сириската Бадија (т.н. сириска или јорданска степа – полупустински ненаселен реон источно од главниот град).

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад