Борци од јеменскиот огранок на Ал Каеда зазедоа воена база во Јемен

Од:

Десетици јеменски војници се убиени откако борци на „Ал Каеда на Арапскиот Полуостров“ нападнаа воена база во пристанишниот град Мукала, објави телевизискиот канал „Ал Арабија“.

Според локални жители, екстремистите убиле најмалку петмина војници и извршиле претрес во магацини за муниција. Безбедносните сили побегнале во паника од базата во провинцијата Хадрамаут, чиј главен гард е Мукала. Борците од јеменскиот огранок на Ал Каеда вчера го презедоа затворот во градот и ги ослободија сите затвореници, осудени за тероризам.

Мукала се наоѓа на Арапското Море, на околу 500 километри источно од Аден, каде бунтовниците од шиитското движење Хути и нивни сојузници се борат со силите на претседателот на Јемен, Абд Рабу Мансур Хади.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен