Министерката за надворешни работи на Италија, Ема Бонино оцени дека договорот помеѓу Белград и Приштина е чекор од една милја и дека за тоа ЕУ треба да ги награди двете држави.
-Европа има одговорност да реагира, да признае и да ги награди чекорите на лидерите на Косово и Белград-изјави таа, по состанокот со косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај.
Таа истакна дека е свесна за сложеноста и чувствителноста на одредени точки од бриселскиот договор, но изрази уверување дека сите страни ќе видат позитивни аспекти од заедничката иднина.
Во текот на посетата на Косово, Бонино потпиша договор за соработка и помош во област на правосудството и соработка во борба против криминалот.
Елена Георгиевска