Патнички воз излета од шините во пакистанската југозападна провинција Белучистан по експлозија на бомба, изјави локален претставник.
Најмалку осум лица се повредени, изјави тој.
– Извршен е бомбашки напад врз Џафар експрес во областа Пеши во регионот Болан. Осум лица се повредени, а осум вагони излетале од шините, вклучувајќи ја и локомотивата, изјави заменик-комесарот Болан Ага Самиулах.
Тој рече дека спасувачкиот тим се соочува со тешкотии бидејќи местото на инцидентот се наоѓа во планинска област.
Извор: МИА