Три лица загинаа, а 23 се повредени кога бомбаш самоубиец денеска нападнал полицискa патрола во западен Пакистан, соопшти официјален претставник.
Најмалку 15 од повредените се полицајци.
Високиот полициски функционер Азхар Мехесар изјави дека целта на експлозијата бил полициска единица што се подготвувала да обезбедува тим за вакцинација во градот Квета. Меѓу загинатите се „полицаец, жена и дете“.