Околу педесет војници загинаа при денешниот напад на бомбаш-самоубиец во Сана, главниот град на Јемен.
Целта на нападот била подготовката за свечената парада закажана за утре по повод 22-годишнината од националното обединување на Јемен.
Облечени во униформи на безбедносните сили на Јемен, приврзаниците на Ал Каеда марширале по плоштадот заедно со останатите учесници. Експлозијата се случила кога министерот за одбрана на Јемен и шефот на кабинетот на армијата пристигнале на плоштадот.
Според најавите пред нападот, на утрешната свеченост требаше да се појави и претседателот на Јемен.