Бомбаш-самоубиец се разнесе во Аден, петмина војници загинаа

Од:

Бомбаш-самоубиец, за кого се сомнева дека е од редовите на Ал каеда, се саморазнесе денеска во пристанишниот град Аден на југот на Јемен, усмртувајќи пет јеменски војници, изјави неименуван безбедносен претставник, а очевидци тврдат дека во нападот десет лица се ранети.

Нападот бил насочен врз млади воени регрути кои чекале автобус пред воен контролен пункт на северот на градот, откако напаѓачот влегол меѓу нив.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но џихадистите во минатото извршуваа такви бомбашки напади.

Џихадистичките групи не се опфатени со примирјето во Јемен, кое почна вчера меѓу завојуваните страни во земјата.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен