Бомба од Втората светска војна експлодира во Британија

Од:

Бомба од Втората светска војна пронајдена во градот Грејт Јармут во Обединетото Кралство експлодираше денеска додека се работеше за нејзино деактивирање, предизвикувајќи огромна детонација која се слушаше со километри.

Експлозијата на бомбата предизвика густ облак од чад, а полицијата во Норфолк соопшти дека нема извештаи за повредени.

Воени експерти се обидуваа да ја деактивираат бомбата кога се случи непланираната детонација.

На социјалните мрежи очевидци објавија дека слушнале силен тресок и дека почувствувале како се тресат зградите одалечени дури 24 километри.

Пред експлозијата, полицијата постави кордони затворајќи ги патиштата кон овој дел од градот и инсистираше на евакуација на стотици луѓе кои живеат во „црвената зона“.

Би можело да ве интересира

Во Британија е уапсено трио кое со години им помагаше на најбараните криминалци

Ученичка брутално си го уби бебето веднаш по породувањето: Сега конечно и се суди

Драма во училиште во Србија: Ученик сакал се да „реши“ со бомба

Атентаторот Пермјаков призна: Работев по налог на Киев

Сериски силувач дивјачки мачел девојки, но e поштеден од доживотен затвор

Наместо да го спречи да скокне од балкон, полицаец со неспретна реакција му помогна на човек да се самоубие