Бомба експлодира пред седиште на општина во Шпанија

Од:

Бомба експлодира денеска пред седиштето на локалните власти во местото Бараља во северозападната шпанска автономна област Галиција, при што нема жртви, јави ДПА, повикувајќи се на регионалните власти, кои сметаат дека нападот е дело на група радикални сепаратисти.

Експлозиваната направа била поставена на главниот влез во зградата. Експлозијата предизвикала значителни штети на зградата и на околните куќи.

Засега никој не презел одговорност за атентатот, но според безбедносните сили тој е извршен од сепаратистичката група „Галициски отпор“.

Се укажува на терористичката група „Галициски отпор“, изјави претставникот на Министерството на внатрешни работи на областа Самуел Хуарес. Тој рече дека следната недела започнува процес за друг случај против тројца членови на организацијата.

Градоначалникот на Бараља, кој е од Народната партија на премиерот Маријано Рахој, беше критикуван поради изјави со кои го оправдуваше насилството извршено за време на режимот на Франциско Франко.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата