Најновото лансирање ракети на Северна Кореја не го крши ветувањето дадено од американскиот лидер Ким Џонг Ун до американскиот претседател Доналд Трамп. Во тек се напори да се продолжи со денуклеаризација. Тоа го изјави американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон.
– Лансирањето на тие проектили не го крши ветувањето на Ким на Трамп за интерконтиненталните балистички ракети. Сепак, мора да се запрашате кога ќе започне вистинската дипломатија, кога ќе започне дебатата за денуклеаризација, рече Болтон во интервју за Фокс њуз.
Северна Кореја, само неколку дена откако лансира две слични ракети, вчера истрела уште два балистички проектили со краток дострел. Ракетите беа лансирани од полуосторовот Ходо во провинцијата Хамгјонг, источниот дел на Северна Кореја, од каде беа истрелани и ракетите на 25 јули. Најверојатно се работи и за слични ракети. При вчерашното лансирање проектилите прелетале околу 250 километри.
Официјален Вашингтон соопшти дека се информирани за тестирањето на ракетите и оти ја следат ситуацијата. – САД примија извештај дека Северна Кореја лансирала ракети и ќе продолжат да ја следат ситуацијата, изјави портпарол на Стејт департментот.
Претходно, јужнокорејската министерка за надворешни работи Канг Кјунг-ва ја повика Северна Кореја да ги стопира ракетните проби.
Официјален Пјонгјанг го обвинува Вашингтон дека не го исполни ветувањето и во август планира заедничка воена вежба на американската и јужнокорејската армија, поради што се отвора можноста за промена на одлуката за замрзнување на тестирањата на нуклеарни ракети и ракети со долг дострел, која е во сила од 2017 година.