Болниците преполни, СЗО предупредува: Она што се случува во Украина може да се прошири во целиот свет

Од:

Болниците и здравствените установи ширум Украина доживуваат драстично зголемување на инфекциите поради отпорност на антибиотици во последните недели, поради што Светската здравствена организација и Центрите за контрола на болести на САД (ЦДЦ) го предупредија Киев дека епидемијата е потенцијална глобална закана.

„Ова е криза која бара итна акција, дури и за време на времетраењето на конфликтот, бидејќи слично искуство од другите воени зони нè научи дека задоцнетата реакција на закана од овој тип може да има крајно негативни долгорочни последици не само за локалните цивили, но и за целиот свет“, пишува во отвореното писмо на овие институции.

За што се работи? Украинските службеници на Институтот за јавно здравје спроведоа истражување во три регионални болници – Трнопољ, Хмелницки и Виница. Од 353 прегледани пациенти, кај 50, односно кај 14 отсто, испитувачите откриле инфекции кои ги стекнале за време на престојот во здравствените установи.

Од заразените пациенти, дури 60 отсто имале патоген отпорен на широк спектар на лекови. За споредба, пред војната трендот беше околу 6 проценти. Со прелиминарното откривање на проблемот се утврдени низа пропусти, од хигиената на рацете на здравствените работници кои ги лекуваат раните добиени на бојното поле, до „повеќе предизвици“ во опремата на лабораториите и операционите сали. Исто така, проценката за биосигурност е на „потоптимално ниво“.

Во специјален извештај од американското ЦДЦ од август се наведува дека само кај еден украински пациент биле пронајдени дури шест одделни бактерии отпорни на лекови. Светската здравствена организација предупредува дека сметаат дека ваквите инфекции се една од најголемите закани за глобалното јавно здравје. Имено, според податоците од 2019 година, повеќе од милион луѓе ширум светот починале поради тоа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германец осуден на смрт се појави на белоруската телевизија, во солзи го моли Шолц за помош

Предраг Петровиќ

Украина губи 2.000 војници дневно

Предраг Петровиќ

Приближно 32 отсто од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да се стави крај на војната

Руските сили ја презедоа контролата

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“