Боливија дозволи соборување авиони што шверцуваат дрога

Од:

Војската на Боливија доби дозвола да соборува авиони за кои постои сомнеж дека превезуваат кокаин.

Мерката ќе почне да се применува откако ќе биде обезбедена доволна радарска покриеност на целата територија на земјата.

Законот, што во вторникот го потпиша претседателот Ево Моралес, предвидува пред да почне со спроведување на планот Боливија да набави и постави радарски системи што недостигаат на нејзините граници.

Моралес изјави пред новинарите дека Боливија разговара со други земји за набавка на шест радари во вредност од вкупно 90 милиони долари.

Боливија е трета во светот по производство на кокаин и главна транзитна земја за делумно преработен кокаин од Перу.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда