„Боинг 737“ се урна во Австралија

Од:

Боинг 737 се урна во Западна Австралија. Локалните медиуми јавуваат дека се работи за авион ангажиран во гаснење пожар.

Според извештајот на австралиската ТВ мрежа ABC, двајцата пилоти кои управувале со авионот успеале да побегнат и се здобиле само со полесни повреди.

Соборениот авион и припаѓал на компанијата „Колсон авијација“, а бил ангажиран во гаснењето на два големи пожари кои беснеат во националниот парк реката Фицџералд, кој се наоѓа на околу 275 милји југозападно од Перт.

„Боинг“, како што се наведува, веќе имал реализирано два лета, но проблемот настанал при третиот противпожарен лет. Наводно, при подигнувањето на леталото настанал проблем, кој не успеал да се искачи на потребната висина.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он