Блумберг: Германија има намера да ја удвои воената помош за Украина

Од:

Владејачката коалиција на германскиот канцелар Олаф Шолц се согласи да ја удвои германската воена помош за Украина следната година на осум милијарди евра, објави Bloomberg News, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Доколку биде одобрено од парламентот во Берлин, каде што партијата на Шолц има мнозинство, зголемувањето ќе ги подигне германските трошоци за одбрана над целта од 2 отсто од бруто домашниот производ што ја ветија сите членки на НАТО, се додава во извештајот.

Пратениците од Социјалдемократите, Слободните демократи и Зелените, партиите кои го поддржуваат Шолц, се согласија за зголемување за време на преговорите за предлогот на федералниот буџет за 2024 година, пишува Bloomberg News.

Германското Министерство за одбрана не беше веднаш достапно за коментар. Планот на Европската Унија да потроши до 20 милијарди евра (21,4 милијарди долари) за воена помош за Украина наиде на отпор од земјите на ЕУ, пишува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он