Блокот на Порошенко и официјално победник на изборите во Украина

Од:

Либералниот Блок на Петро Порошенко (БПП) освои вкупно 132 партенички места во 450-члената Врховна рада на парламентраните избори во Украина одржани на 26 октомври, соопшти денеска претседателот на украинската Централна изборна комисија, Михајло Охендовски, презентирајќи ги конечните изборини резултати.

На второто место се пласира конзервативниот Народен фронт (НФ) на украинскиот премиер Арсениј Јацењук со 82 мандати, пред демохристијанското здружение Самопомош на лвовскиот градоначалник Андриј Садовиј со 33 и центристичкиот Опозициски блок со 29 пратеници.

Популистичката Радикална партија (РП) на Олех Љашко се пласира на петто место со 22 освоени пратенички места, пред либерално-конзервативната партија Татковина на поранешната премиерка Јулија Тимошенко со 19 и екстремната десничарска партија Слобода со осум пратеници.

Четири мали партии освоиле по еден мандат, а останатите места им припаднале на независни пратеници.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион