Близу 100 лица загинаа во земјотресот во Индонезија

Од:

Деведесет и девет лица загинаа во каттастрофалниот земјотрес  кој ја погоди утринава индонезиската провинција Ачех, наведе претставникот на локалните власти Саид Мулјади.

Речиси 300 лица се повредени, од кои 73 се во тешка состојба.

Урнати се најмалку 125 згради, 105 продавници и 14 џамии.

Локалните телевизии прикажаа снимки од округот Пидие Џаја, кој беше најсилно погоден од земјотресот, на кои се гледаат куќи и згради сраменти со земја.

Земјотресот бил почувствуван по 5 часот по локално време со епицентар на 18 километри североисточно од Мидае Џаја, на длабочна од 10 километри, соопти индонезискиот геофизички институт.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Силен земјотрес ја погоди Сицилија

Силен земјотрес ја погоди Канада