Блинкен: Загрижени сме за фиктивниот процес и смртната казна за двајцата Британци и Мароканец во самопрогалсената ДНР

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изрази загриженост поради смртната казна на двајца Британци и еден Мароканец, изречена од судот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР).

„Сериозно сме загрижени за фиктивното судење во кое беа осудени легитимни борци кои служеа во вооружените сили на Украина“, напиша Блинкен на Твитер.

Тој ги повика Русија и „нејзините сателити“ да го почитуваат меѓународното хуманитарно право, вклучително и човековите права и заштитата што им се дава на воените заробеници.

Врховниот суд на самопрогласената ДНР вчера осуди на смрт двајца британски државјани и еден Мароканец за, како што се наведува, учество во непријателства на страната на украинските вооружени сили како платеници.

Ден претходно Врховниот суд на ДНР објави дека Британците Шон Пинер и Ајден Аслин и Саудун Брахим, од Мароко, кои се бореле на страната на Украина, делумно ја признале вината. Тие се предадоа во Мариупол во средината на април.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ