Блинкен во Советот на безбедност на ОН: Русија „произведува“ провокации во источна Украина како причина за војна

Од:

Државниот секретар Ентони Блинкне во ОН денеска ја обвини Русија за создавање на една од најсериозните безбедноси кризи во Европа по Втората ветска војна и за сериозно нарушување на меѓународниот поредок создаден во изминатите 70 години.

-Не сум овде да започнам војна, овде сум да спречам, порача тој на итна седница на Советот за безбедност на ОН.

Седницата не беше најавена и посетата на Блинкен во Њујорк се случи буквално преку ноќ.

Блинкен ги повтори тврдењата на администраицијата дека Русија „произведува“ провокации преку специјални операции, за да се фрли вината на Украина како причина да почне војна.

-Ова се случува пред нашите очи, и пред целата меѓународна јавност, и додека од нивна страна се покажува привид на дипломатија и мелодрама, тие натрупаа над 150.000 војници на границата со Украина, изјави Блинкен.

Тој рече дека Русија се уште има избор да се посвети на дипломатијата.

-Дипломатијата е единствен начин да се реши оваа криза и тоа со спроведување на договорот од Минск. Украина и нормандската тројка се подготвени да се спроведеат тие договори.

Тој го повика неговиот руски колега Сергеј Лавров на уште нова средба и укажа дека му испратил писмо за тоа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

Руте повика на нормализација на односите со Русија

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија