Блинкен: САД испратија голема количина оружје во Киев пред почетокот на војната во Украина

Од:

Во два наврати пред почетокот на војната во Украина во 2022 година, во септември и декември 2021 година, САД испратија голема количина оружје во Киев за да се осигураат дека земјата е способна да се одбрани од претстојната руска инвазија, изјави американскиот секретар во заминување – Ентони Блинкен.

Во интервју за Њујорк Тајмс, Блинкен рече дека американските власти сфатиле дека инвазијата на Украина ќе се случи, поради што сакале да се уверат дека сојузниците и Украина се подготвени.

„Се уверивме дека долго пред руската агресија, почнувајќи од септември и повторно во декември (2021 година), па тивко испративме многу оружје во Украина за да се увериме дека тие го имаат она што им е потребно за да се одбранат, работи како што се проектили „Стингери“ кои беа клучни за спречување на Русија да го преземе Киев, да ја сврти земјата, да ја избрише од картата“ – рече Блинкен.

Би можело да ве интересира

Блинкен: САД ќе ѝ дадат на Украина оружје во вредност од 725 милиони долари

Во Прага средба на Османи со Блинкен

Хамас е единствената пречка за примирје во Газа тврди Блинкен

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

Американскиот шеф на дипломатијата доаѓа во Газа, Палестинците се надеваат на прекин на огнот