Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Берлин изјави дека преговорите за иранската нуклеарна програма достигнале точка на итност.
Тој предупреди дека е неопходно да се заземе поинаков курс кон Техеран, доколку не се постигне напредок.
– Постои вистинска итност и сега навистина е прашање на недели кога ќе утврдиме дали можеме или не да се вратиме на взаемното почитување на договорот, рече Блинкен, мислејќи на нуклеарниот договор од 2015 година.
Блинкен ова го изјави на заедничка прес-конференција со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
Извор: МИА